Top Sport

Калиниќ се врати во Хајдук

Никола Калиниќ, синоќа настапи за Верона против Јувентус, а претпладнево стана играч на Хајдук. Искусниот напаѓач по 13 години се врати во Сплит.

Калиниќ, во периодот од 2005 до 2009 година, го носеше дресот на Хајдук (79 натпревари, 44 голови), потоа кариерата ја градеше во странство, во Белкбурн, Дњепар, Фиорентина, Милан, Атлетико Мадрид, Рома и Верона.

Синоќа, во поразот од Јувентус (2:0), Калинќ одигра 20 минути, по натпреварот го раскина договорот со Верона и како слободен играч се врати во Сплит.

Scroll to Top