Top Sport

Мбапе: Немам договор со Реал

Килијан Мабпе се уште не донел одлука дали ќе го напушти ПСЖ по завршувањето на сезоната. Напаѓачот, ја демантирал информацијата која ја пласираше „Билд“, дека постигнал договор со Реал и порачал дека до крајот на сезоната во фокусот му е само ПСЖ.

„Нема донесено никаква одлука. Дуелите со Реал во Лигата на шампионите можа да сменат многу работи. И покрај тоа што во овој момент сум слободен да преговарам, тоа нема да го направам. Никогаш во кариерата, нема на таков начин да го изневерам клубот додека сум негов играч. Сега сум фокусиран само на победата против Реал во Лигата на шампионите. Дури пота ќе видиме што ќе се случува“, рекол Мбапе.

ПСЖ ќе го пречека Реал на 15.февруари, а реваншот во Мадрид ќе се одигра на 9.февруари.

Scroll to Top