Џерард Пике, по завршувањето на сезоната, би можел да стави крај на кариерата, пренесува каталоски „Спорт“. Овој медиум секогаш располага со веродостојни информации кога станува збор за великанот од „Ноу Камп“.
Според „Спорт“, Пике и покрај тоа што има договор до јуни 2024 година, ќе се пензионира, а клубот веќе бара замена за него. Изборот бил играчот на Ајакс, Лисандро Матинез.
Пике е дете на Барселона. Од „Ла Масија“, замина во Манчестер јунајтед, а во 2008 година се врати во клубот. За Барса има одиграно 593 натпревари, на кои постигнал 52 гола и забележал 13 асистенции.