Скандалот со Марк Овермарс може да има сериозни последици по фудбалскиот клуб Ајакс. Спортскиот директор, откако е откриено дека сексуално ги вознемирувал жените во клубот, ја напушти функцијата.
Порталот „НРЦ“, објави бројни детали од скандалот. Овермарс бил под „надзор“ во изминатите два месеци, откако 11 жени се пожалиле дека сексуално ги вознемирувал со коментари, пораки и експлицитни фотографии. Жените приложиле докази дека Овермарс од тоалетот во клупските простории им испраќал фотографии од половиот орган.
Овермарс не бил единствениот маж во клубот кој ги вознемирувал жените. Една жена, чии идентитет не се открива рекла дека сексистички кон нив се однесувале и фудбалерите.