Премиерниот натпревар на мешаните тимови, во ско скоковите, на Зимскиите олимписки игри во Пекинг предизвика еден куп реакции.
Словенија ќе влезе во историјата како првата земја која победила во оваа дисциплина. Ника Крижнар, Урша Богатај, Тими Зајц и Птер Превц, славеа пред Русија и Канада.
Сенка на победата на Словенија, фрли дисквалификацијата на пет натпреварувачки од другите тимови. Поради дисквалификациите без медали останаа Норвешка, Германија, Австрија и Јапонија.
Дисквалификацијата на една натпреварувачка најмногу ги погоди јапонската репрезентација, која сигурно ќе го освоеше сребрениот медал.
Дисквалификувани беа двете натпреварувачки од Норвешка, потоа сребрената од малата скокалница, Германката Катарина Алтхаус, Јапонката Сара Таканаши и Австријката Даниела Ирашко Столц.
Натпреварувачките ги прекршиле сложените правила кои ја поврзуваат опремата и скиите со телесната тежина.
„Немам зборови. Ова е болно за спортистите. Требаше на светот да му ја прествиме новата дисциплина, а ни се случи ова. Ова е еден од најтажните денови за нашиот спорт. Зошто се само девојките дисквалификувани?“ лутито коментирал директорот на норвешката репрезентација, Бреде Братен.
„Пародија. Разочарана сум. Чудно е ова да се случи на едено вакво натпреварување. По се изгледа сакаа да покажат дека ништо нема да толерираат. Тоа го направија на чуден начин. Драго мие што не учествував во овој хаос“, изјави олимписката шампионка од пред четири години, Марен Лундби.