Фановите на Манчестер јунајтед реагираа одлично на „протечениот“ дизајн на новиот домашен дрес за 2022/23, кој го објави познатата веб-страница „Footy Headlines“, и на кој првпат од 2014 година ја има познатата „крагна“ со црвени и бели триаголници.
Дресот несомнено потсетува на тој кој „ѓаволите“ го носеа од 1992 до 1994 година, односно почетокот на доминацијата во Премиерлигата и првите две титули под Сер Алекс Фергусон, кога Ерик Кантона беше препознатлив по кренатата крагна.