Рој Кин ја одби шансата да се врати како менаџер на Сандерленд, иако беше на разговор со газдите на клубот.
50-годишниот Кин пред 15 години ги предводеше Сандерленд до титулата во Чемпионшип и влегување во Премиерлигата, но сега решил да ја одбие понудата поради „проблеми со договорот“, тврдат британските медиуми. Сандерленд, кои моментално се во третата англиска лига, сега бара нови опции во Грент Меккен и Алекс Нил како главни кандидати. Сандерленд имаат два порази откако го отпушти Ли Џонсон и паднаа на четвртото место во Лига 1.
Сандерленд први му дадоа шанса на поранешниот капитен на Манчестер јунајтед во 2006, и тој беше на чело на клубот 100 меча, пред да си поднесе оставка во 2008 година поради несогласувања со газдата. Потоа тој работеше во Ипсвич таун две години, пред да биде помошник-тренер во ирската репрезентација, Астон вила и Нотингем форест.