Возачот на Астон Мартин, четирикратниот Ф1 шампион, Себастијан Фетел вели дека бил изненаден од одлуката на Формула 1 за отстранување на церемонијата пред трките со клечење во знак на поддршка за борбата против расизмот, коментирајќи дека гестот бил „премногу“ за бизнис-ориентираните газди на спортот.
Ф1 почна со иницијативата „Се тркаме како еден“ во 2020 во солидарност со анти-расистичкото движење во САД. Фетел честопати се приклучуваше на иницијативите на Луис Хамилтон, како кога носеше „Прајд“ маичка во Унгарија во знак на поддршка на ЛГБТ правата и кога организираше трка за жени во Саудиска Арабија, каде што до неодамна беше забрането жените воопшто да возат автомобили.
„Никој не не информираше, само го сменија тоа. Бев малку изненаден. Мислам дека работите со кои се соочуваме не завршија за овие две години. Се надевам дека ние како возачи ќе најдеме начин да се изразиме за прашањата кои се важни. Знам дека на сите возачи тоа не им е важно, но има некои кои размислуваат за тоа. Работите изгледаа премногу силно за бизнис-страната на спортот“, вели Фетел.