Олимпијакос, синоќа во драматичен натпревар, успеа да го победи европскиот првак Анадолу Ефес со 87:85. Победникот, во продолжението, го реши Костас Слукас. Искусниот играч погоди тројка со звукот на сирената.
Костас Слукас, на сличен начин, пред неколку месеци, го реши победникот на натпреварот против Фенербахче. Тогаш погоди преку Јан Весели.
Слукас, сезонава се врати во Олимпијакос, откако четири години играше во Фенербахче. По мечот новинарите го прашале тренерот на Ефес, Ергин Атаман, дали престојот во Иснабул му помогнал на Слукас да погаѓа тешки шутеви.
„Мислам дека турската баклава што ја јадеше во Турција му овозможи да победува против турските тимови со шутеви во последната секунда“, рекол Атаман.