Top Sport

Астон Вила сака веднаш да го откупи Кутињо

Астон Вила има намера да го откупи од Барселона договорот на Филипе Кутињо. Најскапото засилување во историјата на Барселона, во јануарскиот преоден рок се пресели на позајмива во Астон Вила.

Кутињо, во јануари 2018 година го напушти Ливерпул во рекорден трансфер. Четири години подоцна се врати во Премиер лигата. Во Астон Вила му тргна, на три натпревари забележа два гола и две асистенции.

Три натпревари му беа доволни да ги натера челниците на Астон Вила сериозно да размилсат за откуп на неговиот договор.

Во летниот преоден рок, Астон Вила ќе има предност пред останатите клубови, доколку сака дојде до Кутињо. Барса за Бразилецот бара 40.000.000 евра.

Англиските медиуми тврдат дека од Астон Вила ги контактирале колегите на „Ноу Камп“, Биле подготвени веднаш да го купат Кутиео но са сума од 30.000.000 евра.

Scroll to Top