Top Sport

Печатот ги „распна“ гаучосите, Ардилес: Најлошата Аргентина во историјата

Аргентина уште има шанси да се пласира во осминафиналето на Мундијалот во Русија, меѓутоа реакциите во татковината на гаучосите се како да се случила национална катастрофа.

Освалд Ардилес, членот на аргентинската репрезентација која го освои СП во 1978 година, вели дека ова е најлошиот тим на „албиселесте“ во нивната историја, тим кој ниту најдобриот фудбалер на светот, Лео Меси не може да го направи конкурентен.

„Од светски шампиони до најлошиот национален тим во аргентинската историја. Каде да се почне? Дури и со најдобриот фудбалер на светот, Сампаоли, кој е ужасен, арогантен и неук, не успеа да направи конкурентен тим. Планот А на Сампаоли – дај му ја топката на Меси и чекај чудо. Ако планот А не функционира, план Б. Чекај… Нема план Б. Да не зборуваме за план Ц и Д. Падот на аргентинскиот фудбал беше во сенка на генијот на Меси“, вели 65-годишниот Ардилес.

Аргентинскиот печат исто така воопшто не беше нежен. „Оле“ на насловната имаше едноставно „Скршени“, додека „Ла воз“ ги нарече фудбалерите „сенки“.  „Уно“ јасно го посочи виновникот за поразот, нарекувајќи го Хорхе Сампаоли „татко на поразот“, а „Ел територио“ се реши да оди со „Растурени“.

 

Scroll to Top