Иако Вест хем веќе загуби два спонзори по видеото на кое Курт Зума ја шутираше сопствената мачка, менаџерот Дејвид Мојс инсистира дека тој ќе игра овој викенд и додава дека тој добива „помош за грозниот чин“.
Англиската и француската јавност реагираа со бес на видеото кое го објави братот на Зума на кое тој се гледа како шутира една мачка и удира со рака друга, по што друштвата за заштита на животните му ги одземаа животните. Тој го загуби личниот спонзор „Адидас“, а Вест хем загуби два спонзори, но Мојс го стави како стартер на мечот во вторникот против Вотфорд и додава дека ќе биде во игра против Лестер овој викенд.
„Одговорот е да – тој е достапен во составот за против Лестер. Некои имаат различни мислења дали треба да биде достапен, а ние како клуб направивме одлука тој да игра и остануваме на тоа. Мислам дека нема дополнителна активност која може да биде направена – Вест хем го казнија со максимална плата, прифативме дека неговите постапки се дијаболични, но решивме да игра“, вели Мојс.