Норвежанецот Мариус Линдвик го сопре победничкиот поход на јапонската сензација, Рјоју Кобајаши, откако со фантастичен втор скок го освои златниот медал на големата скокалница на Олимписките игри во Пекинг.
Кобајаши, кој оваа сезона победи на новогодишната турнеја „4 Скокалници“ и веќе го освои златото на малата скокалница, беше лидер по првата серија со скокот од 142 метри, но во вториот обид стигна до 138 метри за да освои 292.8 поени.
23-годишниот Линдвик, кој оваа сезона веќе победи трипати, вклучувајќи и во Бишофсхофен, каде што спречи Кобајаши да ги освои сите четири скокалници во новогодишната турнеја, беше втор по првата серија со 140.5 метри, за во вториот обид да скокне 140 метри и да го освои златото со 296.1 поени. Ова е прво злато на големата скокалница за Норвешка по 58 години.
Бронзениот медал отиде кај Германецот Карл Гајгер со 281.3 по двата скока со 138 метри, додека во топ 5 беа Полјакот Камил Штох и Германецот Маркус Ајзенбихлер.
Taking flight! ✈
Marius Lindvik (Norway) claims the #SkiJumping – men’s large hill individual #Gold medal!
This is his first Olympic medal, congratulations! ?#Beijing2022 | #StrongerTogether | @MariusLindvik
— Olympics (@Olympics) February 12, 2022