ПСЖ подготвува реконструкција на тимот во летниот преоден рок. Според медиумите, место во новиот ПСЖ нема да има за Анхел Ди Марија. Аргентинецот има најдолг стаж во тимот, тој пред седум години во Париз пристигна од Манчестер јунајтед.
Наводно, на Ди Марија, веќе му било соопштено дека нема да добие нов договор и дека може да си бара нов клуб. Клупските челници слично постапија пред две години со Тијаго Силва.
Анхел Ди Марија е најдобриот асистент во историјата на ПСЖ.