Top Sport

Ф1 се откажа од спринт квалификациите

Формула , по само една сезона, ќе ги „избрише“ спринт трките. Во календарот за оваа сезона има 23 трки, во распоредот нема ниту една спринт трка.

Минатата сезона се возе три спринт трки. Формула 1 ги воведе за да има поголема неизвесност во квалификациите. Тимовите добиваа дополнителни 150.000 долари за секој спринт и дополнителни 100.000 долари во случај на оштетување на болидот.

За оваа сезона, Формула 1, во план имаше шест трки. Планот нема да го реализира најмногу поради условите што ги поставиле Мерцедес и Ред Бул. Овие два тима побарале по 5.000.000 долари за секое учество во спринт квалификациите.

Scroll to Top