Лос Анџелес Ремс ги победија Синсинати Бенгалс со 23:20 и ја освоија титулата во НФЛ лигата. Еден од најголемите настани во спорт заврши на спектакуларен начин, Ремс до шампионската титула дојдоа во последниот напад на мечот.
ЛА Ремс втор пат победија во финалето ан Супербоул. Првата титула ја освоија во 1999 година, кога франшизата се наоѓаше во Сент Луис.
Последниот поен на мечот за Ремс го донесе Купер Кап, а потоа одбраната на екипата од Лос Анџелес, предводена од Ерон Доналд успеа да го задржи Џон Буроу.
МВП наградата во финалниот меч му припадна на Купер Кап.