Кајли Хамфрис од САД победи на Зимските олимписки игри во Пекинг, во дисциплината монобоб. Оваа дисциплина дебитираше на Зимските олимпијади, а името на Хамфрис ќе биде запишано во олимписката историја.
35-годишната Американка, имаше најдобро време во три од четирите трки, на крајот го освои златото со вкупен резултат 4:19,27 минути.
За Кајл ова се првите Игри на кои настапи под знамето на САД, претходно од 2010 до 2018 година се натпреваруваше за Канада. Во Ванкувер во 2010 и СОчи во 2014 година, го освои златниот медал во боб двосед, а во 2014 во Пјонгчанг освои бронза.
САД, во монобоб, забележаа еден-два победа, благодарение на среброто кои и припадна на Елана Мејерс Тејлор. Таа возеше брилијантно во четвртата трка. Листата на медалистки ја заокружи Канаѓанката, Кристине Де Бруин.