Мемфис Депај, веројатно, по само една сезона ќе ја напушти Барселона. Донесен како големо засилување, стандарден кај Роналд Куман, резерва кај Чави, кој не е многу воодушевен од Холанѓанецот.
Ситуацјата со Депај сакаат да ја искористат челниците на Наполи. Според нов тој би бил идеално решение за левата страна во нападот, односно вистински наследник на капитенот Лоренцо Инсиње.
Барселона ќе сака да го продаде бидејќи неговиот договор истекува во јуни 2023 година.
Депај од почетокот на сезоната има одиграно 16 натпревари, постигнал осум гола и забележал две асистенции.