Извршниот одбор на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), ја прифати одлуката на Судот за спортска арбитража да и дозволи на Камила Валиева да продолжи да се натпреварува на Зимските олимписки игри во Пекинг.
ИОК, соопшти дека и покрај одлуката на Судот во Лозана, тимот на Русија, нема да ги добие златните медали во екипна конкуренција. Церемонијата на доделувањето ќе биде одржана откако постапката против 15-годишната Русинка, ќе биде комплетно завршена.
ИОК, образложи дека одлуката на Судот не се однесува на тоа дали Валиева ги прекршила анти-допинг правилата, туку дека била разгледана одлуката на Руската анти-допинг агенција да и ја укине претходно изречната суспензија. Според ИОК комплетниот случај се уште не е завршен.
Поради тоа, ИОК, консултирајќи се останатите национални комитети, донеле одлука да би дат доделени медалите.
„За да имаат сите спортисти и национални комитети еднаков однос, нема да биде прикладно да се одржи церемонијата на доделувањето на медали во екипна конкуренција, бидејќи во доделувањето на медалите би било уклучено и лице со позитивен А тест на допинг, во ситуација кога не утврдено дали лицето го прекршило анти-допинг правилата“, стоти во соопштението на ИОК.
Исто така, ИОК, одлучи дека нема да бидат доделени медалите и во поединечна конкуренција доколку Валиева заврши на едно од првите три места.
Медалите ќе бидат доделено кога „случајот Валиева“, ќе биде комплетно завршен.