Top Sport

Хакими: Не бев дел од плановите на Реал

ПСЖ утре ќе го пречека Реал Мадрид во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите. Дел од натпреварот ќе биде Ашраф Хакими. Мароканецот во минатото беше играч на Реал.

Хакими, во Реал, не доби шанса да се докаже и покрај тоа што блескаше две сезони, како позајмен играч во Борусија Дортмунд.

Кога позајмицата му заврши Реал го продадоа во Интер. Од оваа сезона тој е играч на ПСЖ.

„Не знам зошто Реал не веруваа во мене. Имаа шанса да ме откупат по сезоната во Интер, не сакаа. Јасно е дека не се наоѓав во нивните планови, не се лутам, тоа е во ред. Сега сум среќен во Париз, ќе направам се да го поминеме Реал“, рекол 23-годишниот Мароканец.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');