Пари Сен-Жермен потврдија дека Серхио Рамос нема да игра во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите против неговиот стар клуб Реал Мадрид, откако има повреда на мускулот на потколеницата.
35-годишниот Рамос замина од „Сантијаго Бернабеу“ минатото лето откако му заврши договорот, но нема да може да игра барем во првиот меч против тимот за кој играше 16 години и беше капитен.
„Серхио Рамос ќе продолжи со индивидуалните тренизи за повредата, а ќе се направи проценка на повредата за една недела“, објавија од ПСЖ.
Рамос претходно изјави дека ќе го даде максимумот ако дојде до шанса да игра против Реал.
„Сите ја знаат љубовта која ја чувствувам кон Реал Мадрид. Но, сега моја задача е да го бранам ПСЖ и ќе го направам тоа најдобро што можам. Ќе умрам за ПСЖ. Не би сакал дуел со Реал Мадрид, но ќе биде добро да се отиде на ”Бернабеу’“, изјави Рамос во декември.