Обвинителството во Милано побара да се издаде меѓународна потерница по поранешниот напаѓач на Милан, Робињо откако тој беше осуден за силување.
Поранешниот фудбалер на „росонерите“ и на Манчестер сити ја загуби последната жалба за пресудата во јануари, по што треба да почне да ја отслужува својата деветгодишна казна затвор за инцидентот кој се случил во 2013 година, кога тој и неговиот пријател Рикардо Фалко силувале 23-годишна имигратка од Албанија.
Бразилецот постојано тврдеше дека се работело за „консензуален“ секс, но телефонските повици и СМС пораките покажаа дека тоа не е вистина. Италија сега бара екстрадиција на 38-годишниот Робињо, иако бразилскиот устав не дозволува екстрадиција на нивни граѓани.
Робињо си замина од Италија во 2014 година по четири години во Милан.
Robinho, mandato d'arresto internazionale dei pm di Milano dopo la condanna per stupro https://t.co/TTqyrGrBnV
— Repubblica (@repubblica) February 15, 2022
Робињо ја загуби и последната жалба за пресудата за силување