Гранит Џака вели дека со прославата со „орелот“ немал намера да праќа порака кон Србија и навивачите на Србија, туку дека само била порака кон тие кои секогаш го подржувале.
„Чиста емоција! Првите 15 минути како да не бевме во натпреварот, а Србија заврши одлична работа и имаше многу шанси. На полувремето бевме во соблекувалната и врескавме, нормално не бевме задоволни. Затоа реагиравме така во второто полувреме и покажавме дека сме ментално силни и дека можеме да играме против сите“, го оцени натпреварот Џака за швајцарската ТВ „СРФ“.
Околу тоа што победата лично значи за него, тој беше јасен.
„За мене ова беше посебен меч. Илјадници луѓе, семејство од Швајцарија, од Албанија од Косово ми пишуваа пораки. Победата е за моето семејство, кое секогаш ме поддржува. Прославата не беше порака до противникот. Тоа беше за луѓето кои секогаш биле зад мене“, објаснува Џака.
Џердан Шаќири, стрелецот на победничкиот гол, пак, вели дека воопшто не му пречеле свирежите од српската публика.
„Свирежите? Беа неверојатно да се слушне тоа, но јас само сакав да ја завршам работата и тоа го направив. Не се работеше за политика, туку само за фудбал“, изјави Шаќири.
Фото: ЕПА