Top Sport

Марез уште во 9. минута донесе водство на Сити во Лисабон

Во сенка на мега-дербито помеѓу Пари Сен-Жермен и Реал Мадрид, Манчестер сити гостува на Спортинг во Лисабон во прв меч од осминафиналето на Лигата на шампионите, и им беа потребни само 9 минути игра да дојдат во водство.

По една хаотична ситуација пред голот на домаќините, Кевин де Брујне го пронајде Ријад Марез кој ладнокрвно стрелаше за 0:1. Ова е шести гол на Алжирецот во Лигата на шампионите оваа сезона.

Scroll to Top