Големото дерби во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен-Жермен и Реал Мадрид, е без голови во првите 45 минути од мечот на „Паркот на принцовите“, додека во второто осминафинале, доминантите Манчестер сити веќе имаат 0:4 водство против Спортинг Лисабон.
ПСЖ ја контролираше играта во средината на теренот, полесно доаѓајќи до шанси, но освен обидот на на Килијан Мбапе немаше многу возбуда пред голот на Тибо Куртоа. Поседот на топката на моменти беше над 60 отсто во корист на францускиот клуб, додека тимот на Карло Анчелоти ја чекаше својата шанса.
Во Лисабон пак, по првите 45 минути, апсолутна доминација на тимот на Пеп Гвардиола. Уште во деветтата минута од мечот Ријад Марез со својот шести гол во ЛШ оваа сезона ги донесе Сити во водство, за веќе во 16. минута, Бернардо Силва со прекрасен гол да зголеми на 0:2. Марез имаше и асистенција до Фил Фоден во 32. минута за 0:3, за Бернардо во 44. минута да го најави „потопот“ на Спортинг.
Bernardo Silva doubles Man City’s advantage with a fantastic finish pic.twitter.com/ADRKeoluYz
— Back Again W/Troopz Podcast (@backagain) February 15, 2022
Foden goal
Follow for more goals pic.twitter.com/XOIWn3NFs4
— ᗷᖇO Oᖴ TᕼE ᑕᒪIᑭᔕ⛹?⚽️??♂️ (@manclipss) February 15, 2022