Човекот за кого се тврди дека од наредната сезона ќе го носи дресот на Реал, Килијан Мбапе, му пресуди на „кралскиот клуб“ во 94.минута, од првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите.
„Се уште не сум решил ништо. Јас сум играч на ПСЖ, еден од најголемите клубови во светот. Дали овој натпревар некако влијаеше околу мојата иднина? Не, бидејќи немам донесено одлука. Ќе видиме што ќе биде наредната сезона“, рекол Мбапе.
Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на крајот од сезоната.