Јанис Сферопулос повеќе не е тренер на кошаркарскиот клуб Макаби. Гркот доби отказ по шокантната елиминација во полу-финалето на Купот од градскиот ривал Хапоел.
Макаби, во неделата, доживеа пораз од Хапоел (80:90) со што остана без можност да се бори за трофејот во Купот на Израел. По мечот навивачите сакаа физички да се пресметаат со играчите и тренерот. На крајот со помош на обезбедувањето тренерот и кошаркарите заминаа до арената.
Веднаш по натпреварот медиумите најавија дека тренерот ќе добие отказ, не само поради елиминацијата од Купот, туку и поради променливата форма во која се наоѓа тимот, во Евролигата. Макаби со скор од 11 победи и 12 порази се наоѓа на 12.место и веројатно повторно нема да избори место во четврт-финалето.
Сферопулос четири години го предводеше Макаби, претходно работел во Колос, ПАОК, Паниониос и Олимпијакос.