Манчестер сити, среде Лисабон го декласира Спортинг со 5:0 и по првиот меч обезбеди место во четврт-финалето во Лигата на шампионите. Два гола во убедливиот триумф постигна поранешниот играч на Бенфика, Бернардо Силва.
По мечот и импресивната партија на неговиот тим, менаџерот Пеп Гвардиола издвои еден играч. Гвардиола изјавил дека Беранрдо Силва е „совршен фудбалер“.
„Секогаш му велам дека е совршен играч. Со топка, тој е исклучителен, но секогаш му велам дека тој мора да ги добива натпреварите. Има техника, ма има сѐ. Ова е неговиот град, тука е роден. Секако тој е поранешен играч на Бенфика, што значи дека оваа победа е посебна за него“, рекол Гаврдиола.
Реваншот во Манчестер, кој ќе биде само формалност ќе се одигра на 9.март.