Top Sport

Чои го одбрани златото на 1.500 метри

Со женската трка на 1.500 метри во брзо лизгање, завршија натпреварите на на кратки патеки, на Зимските олимписки игри во Пекинг. Златниот медал го одбрани Минјеонг Чои од Јужна Кореја.

Чои во „нејзината“ дисциплина, походот кон златниот медал го најави во квалификациите кога постави нов олимписки рекорд 2:16.831 минута. Со речиси една секунда послаб резултат, во финалето го освои златниот медал.

Во фото-финишот среброто и припадна на Аријана Фонтана од Италија, пред Холанѓанката Сузан Шултинг.

Фонтана, која победи на 500 метри, вкупно го освои 11 олимписки медал. Таа стана Италијанка со најмногу освоени медали на зимските олимпијади.

Шутинг настапот во Пекинг го заврши со четири медали, претходно осви две злата и едно сребро.

Scroll to Top