Поранешниот голгетер на Парма, Лацио, Интер, Милан и Џенова, Ернан Креспо открива дека двапати бил блиску до трансфер во Реал Мадрид, но дека тоа не се случило поради Роналдо Назарио.
Аргентинецот има 153 гола во 340 натпревари во Серија А, и само една сезона играше во Челси во 2003 година. Во разговор со аргентинскиот портал „Оле“, тој открива дека бил блиску до „Лос бланкос“.
„Во 2002 година играв за Лацио и преговарав со Реал Мадрид и Интер. Но, работите се вртеа во Роналдо. Да останеше во Интер, јас ќе отидев во Мадрид, но на крај го заменив него кај ‘нераѕурите’. Потоа, имав шест месеци од договорот со Интер, и Реал Мадрид ми се јавија во јануари. Тогаш решив да останам за да се борам и да го освојам скудетото“, вели 46-годишниот Креспо, кој освои три титули од Италија, сите со Интер од 2006 до 2009 година. Покрај тоа тој беше дел од легендарниот тим на Парма кој во 1998/99 ја освои титулата од УЕФА купот.