Top Sport

По Американците, и Канаѓаните „излетаа“ од олимпискиот хокеарски турнир

Без НХЛ хокеарите, двете хокарски „сили“ САД и Канада излетаа во четврт-финалето на олимпиксиот турнир во Пекинг, откако Шведска постигна два гола во последната третина да обезбеди 2:0 победа над Канада.

Лукас Валмарк го постигна својот петти гол на турнирот во средината на третата третина за да ги донесе Швеѓаните во водство, пред на две минути пред крајот да додадат нов гол, овојпат во празна мрежа. Швеѓаните ќе играат со Русија во полуфиналето.

Претходно, Словачка со 3:2 го совлада САД на пенали, и ќе игра со Финска во второто полуфинале.

Scroll to Top