Тренерот на Порто, Сержо Консеисао вели дека Лацио секогаш ќе биде во неговото срце, но дека ќе се обиде да го елиминира италијанскиот клуб во плејофот во Лига Европа почнувајќи со првиот меч во Португалија во четврток.
Консеисао играше за Лацио од 1998 до 2000 и потоа уште една сезона во 2003 година.
„Лацио ми значи многу, за искуството и за титулите кои ги освоивме заедно. Имам прекрасни сеќавања на Рим и голема љубов кон Лацио. Тие секогаш ќе бидат во моето срце. Сега, одиме против нив и знам дека се силен тим и ќе се обидеме да ги победиме. Приоритетот на Порто секогаш е домашната титула, но мораме да осигураме да останеме на високо ниво во Европа“, вели Консеисао.