Top Sport

Крај на пријателството меѓу Пике и Меси, Аргентинецот смета дека е предаден

Шест месеци по еден од најшокантните фудбалски моменти во 2021, заминувањето на Лионел Меси од Барселона, шпанските медиуми уште се занимаваат со него и со наводниот крај на пријателството со Жерард Пике поради „предавството“ кое му го подготвил Каталонецот.

34-годишниот Меси тврдеше дека е подготвен да прифати 50 отсто намалување на платата за да остане на „Ноу Камп“, но дека сфаќа зошто клубот морал да се откаже од него поради катастрофалната финансиска ситуација, по што тој потпиша за Пари Сен-Жермен. Сега, шест месеци подоцна тој се чувствува предаден од клубот и посебно од Пике.

Пике наводно пратил порака до претседателот на клубот, Жоан Лапорта, во кој тврдел дека со заминувањето на Меси ќе се решат голем број на проблемите на клубот, што значело крај на пријателството со Аргентинецот. Минатиот месец, кога Меси беше во Барселона, тој беше на вечера со Чави Ернандез и Жорди Алба, но без Пике.

Според каталонскиот „Спорт“, Меси бил разочаран од тоа што Пике се согласил на намалување на неговата плата веднаш по неговото заминување, бидејќи да го направел тоа порано, Меси можел да добие обнововување на договорот.

Scroll to Top