Актуелниот МВП во НБА лигата, Никола Јокиќ, одигра уште еден брилијантен меч. Тој ја режираше драматичната победа на Денвер Нагетс над Голден стејт Вориорс 117:116. Победата на Денвер им ја донесе Монтеј Морис кој погоди за три со звукот на сирената.
Никола Јокиќ забележа 35 поени, 17 скокови и осум асистенции. Последната асистенција беше клучна за победата. Брилијантната асистенција му овозможи на Морис да постигна тројка.
Денвер ја украдоа победата во Сан Франциско. Во последната минута со серија 8:0, го презедоа водството 113:114. Потоа Кари ја врати предноста кај Вориорс (116:114). Сепак на крајот победија Денвер Нагетс.
Покрај Јокиќ, кај Денвер се истакнаа Бирн Форбс со 22, Морис со 13 и Остин Риверс и Арон Гордон со по 10 поени.
Голден стејт го предводеше Стеф Кари со 25 поени.
Вориорс се втори на Западот (42-17), Деневер за на шестата позиција (33-25).