Новак Ѓоковиќ, ќе може да игра на турнирот од Мастерс серијата во Рим. Минатата година, Ѓоковиќ на овој турнир во финалето загуби од Рафа Надал.
Ѓоковиќ, за Би-би-си потврди дека и по цена да не учествува на турнирите нема да се вакцинира. Поради оваа одлука тој нема да може да се натпреварува на поголемиот дел од турнирите.
Едеин од нив нема да биде турнирот во Рим. Министерката за спорт во италијанската влада, Валентина Везали, потврди дека Ѓоковиќ моѓе да игра на терените во центарот „Форо Италико“.
„Зелените сертификати не се потребни за мечевите кои се играат на отворено. Значи, доколку Ѓоковиќ сака да дојде и да игра во Италија, тој тоа може непречено да го направи. Зелениот сертификат важи за рестораните и хотелите“, рекла Везали и дополнила дека е можно од 31.март, Италија да ги укине вонредните мерки.