Марк Маркез, осумкратниот светски првак, наполни 29 години. Минатата сезона, Шпанецот, мина низ најтешкиот период во кариерата, поради што со многу неизвесност ја чека новата сезона.
Кариерата на Маркез започна да се движи по надолна линија, на почетокот на сезоната 2020, кога во Херез доживеа тешка повреда. Сериозно ја повреди раката, поради што имаше три операции.
Минатата сезона се врати на патеките, започна и да победува, кога започна да чувствува проблеми со окото. Поради повредата на нервот во окото, за малку ќе го натерашр да стави крај на кариерата.
„Го допрев дното во сезоната 2020/2021. Гледав дупло, не можев ништо да направам. По операцијата, докторот ми кажа дека е вистинско чудо што можам нормално да гледам. Тоа ми се случи оваа зима, се размислував да ја завршам кариерата“, рекол Маркез.
„Докторот му даде три опции, третата беше дека ќе гледам нормално и дека ќе можам да живеам нормално, но дека нема да можам да возам мотор со 250 километри на час“, објаснил возачот на Репсол Хонда.
Маркез, најавувајќи ја нвата сезона, рекол дека тој ене фаворит, туку дека за шампионската титула ќе се борат актуелниот првак Фабио Квартараро и возачот на Дукати, Пеко Бањаја.