Судот во Мадрид официјално потврди дека поранешниот камерунски фудбалер Самуел Ето е татко на 22-годишната Ерика до Росарио Ниевес, откако фудбалската легенда не присуствуваше на сослушувањето во Шпанија.
Мајката на девојката, Адилеуса се сретнала со Ето во ноќен клуб во Мадрид во 1997 година, кога тој беше член на Леганес, по што во февруари 1998 година таа дознала дека е бремена, а тој и кажал дека преферира детето да не биде родено. По ова тој одбил да контактира со девојката.
Девојката во 2018 година поднесе тужба во Мадрид, барајќи да се признае дека тој и е татко. Сега Ето треба да плаќа месечна сума од 1.400 евра, ретроактивно од поднесувањето на тужбата во 2018 година.