Top Sport

Ѓоковиќ: Пак би се вратил во Австралија

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ вели дека не би имал проблем повторно да отиде во Австралија и покрај сагата во јануари, кога двапати му беше одбиена визата поради тоа што не е вакциниран за КОВИД.

Откако даде интервју за „Би-би-си“ во кое вети дека ќе остане на своите принципи дури и тоа да значи да не може да игра на гренд слем турнирите, во интервју за српската „РТС“, тој зборуваше подетално за Австралија и случувањата таму.

„Се чувствувам подобро отколку кога се случуваше тоа, но животот оди понатаму, имам две деца, многу работи кои ме радуваат надвор од тенисот, но и чудно чувство за тоа што се случуваше. Секогаш ќе се сеќавам на Австралија по убавите моменти, и тениски и лични. Без разлика на тоа што се случуваше, немам ништо против Австралијците, имам добра врска со нив, а резултатите таму се доказ за тоа. Сакам да се вратам повторно таму, да играм, бидејќи тоа ми е најуспешниот терен“, вели Ѓоковиќ.

Scroll to Top