Top Sport

Брајза Буше пред Норвежанките на 12,5 километри

Жастин Брајза Буше стана олимписка шампионка во бијатлон на 12,5 километри масовен старт. Француската репрезентативка победи пред две Норвежанки.

Брајза Буше најдобро се прилагоди на тешките времнски услови. Трката се одржа на -18 степени Целзиусови и со силен ветер.

Освојувачките на медали имаа по четири промашувања на стрелиштето, на крајот пресуди трчањето на Брајза Буше.

Траката ја заврши за 40:18 минути. Брајза Буше прва пат во кариерата стана олимписка шампионка.

Второто место и припадна на Тирил Еков. Таа имаше за 15,3 секунди послабо време од победничката. Еков Пекинг ќе го напушти со три медали, сите се со различен сјај.

Бронзата и припадна на Марте Олсбу Ројселанд. Таа Пекинг ќе го напушти како најуспешна бијатлонка, со пет медали (три злата и две бронзи).

Scroll to Top