Top Sport

Американски фонд ја купува Аталанта

Аталанта еден од најдброите италијански клубови во изминатите четири сезони би можел да добие нови сопственици. Медиумите на Апенинскиот полуостров објавија дека интерес за клубот од Бергамо покажал американскиот фонд ККР.

Аталанта се наоѓа во сопственост на семејството Перкаси, панот на Американците бил да откупат помеѓу 70 и 80 отсто од кациите, а останатиот дел да остане кај актуелните сопственици.

За оваа операција, од фондот ККР, биле подготвени да издвојат 350.000.000 евра.

За разлика од останатите медиуми кои објавија дека двете страни преговараат, „Кориере дело Спорт“, тврди дека работата е завршена.

Новите газди, дополнителна сума би инвестирале во инфраструктурата и во стадионот.

Scroll to Top