Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид, во тимот донесе талентиран играч од Португалија. Станува збор за 18 годишниот Габариел Карваљо.
Крилниот фудбалер го раскинал договорот со Порто и експресно се договорил со клубот од „Ванда Метрополитано“.
Карваљо и Атлетико потпишале четири годишен договор. Откупната клаузула во договорот изнесува 40.000.000 евра.
Атлетико, за овој талентиран играч на Порто ќе му палти 130.000 евра. Толку изнесувале трошоците за тренинг компензација.