Top Sport

Освои бронза, но го пропушти раѓањето на својата ќерка

Сергеј Ридзик ќе може да се фали цел живот дека освоил олимписки медал, но исто така цел живот ќе жали што го пропуштил раѓањето на својата ќерка.

29-годишниот Ридзик освои бронза во фристајл ски-крос натпреварувањето зад Швајцарците Рајан Регез и Алекс Фива, за да го повтори успехот од пред четири години во Пјонгчанг, но беше во солзи по добивањето на медалот.

„Можам накрактко да поздравам некого. Прво, Владимир Иванович Шеин, мојот прв тренер, среќен ти роденден, ова е подарок за тебе. Сега за мојата сопруга, мојата сакана жена. Наташа, денеска бев трет. Извини, искрено… Тешко е да се зборува. Жалам што го пропуштив раѓањето на нашата ќерка. Но, Мира ќе знае дека нејзиниот татко вторпат освоил медал. Да, не е злато, но бронзата е подобра“, изјави Ридзик низ солзи.

Scroll to Top