Нексе од Нашице се покажува како вистински „пеницилин“ за Вардар, откако вторпат едноподруго ги совладаа „црвено-црните“ во регионалната СЕХА лига – по шокантната победа во Скопје во првото коло, овојпат хрватскиот клуб ја продолжи победничката серија во 2022 со 28:25 (15:12) домашна победа.
По првичното водство на Вардар, Нексе направи серија и дојде до 8:4 водство по 12 минути игра, кое на крајот не го испуштија до крајот. По големата победа над Монпелје во меч од Лигата на шампионите оваа недела, Вардар успеа да дојде на гол негатива на почетокот на второто полувреме, но не успеа да се соземе до крајот и го запиша вториот пораз во натпреварувањето оваа сезона.
Поранешниот ракометар на Металург, Халил Јагањац ги предводеше Нексе со 7 гола, Предраг Вејин додаде 6, додека кај Вардар, Јоел Моралес заврши со 7 гола, а Оливие Њокас уфрли 4.
Фото: СЕХА лига