Рајо Валјекано по фантастичниот прв дел од сезоната, во кој беа и на четвртото место на табелата, дефинитивно се во мини-криза откако загубија четврти натпревар во низа, овојпат со 2:1 од Елче откако водеа до 77. минута од мечот. Столе Димитриевски не беше на голот за клубот од мадридското предградие.
Фран Гарсија во 52. минута од мечот ги донесе Рајо во водство, но Елче успеа да се врати со фантастичен камбек за седум минути – прво во 77. Гвидо Кариљо го совлада Лука Зидан по една мешаница пред голот, за потоа во 84. минута, Езекиел Понсе повторно да ја казни одбраната на гостите за победа.
Рајо сега се на 11. место на табелата со 31 поен, сега само два повеќе од 13-пласираните Елче.
#LaLiga ??
Elche 1⃣-1⃣ Rayo Vallecano
Elche lo empata con gol de Guido Carrillo.#ElcheRayo pic.twitter.com/UBFAEKYBmz
— Ritual Fútbol (@ritual_futbol) February 18, 2022
EZEQUIEL PONCE QUI VA ALLER TUER LE RAYO #ElcheCF #ElcheRayo pic.twitter.com/sk7HdoLiiW
— Le Football en VOD LX (@football_lxx) February 18, 2022