Top Sport

Данжума шоу на „Лос Карменес“ во Гранада

Виљареал „скокнаа“ на четвртото место во Ла Лига, по победата над „Лос Карменес“ во Гранада од 4:1. Гранада по петтиот пораз во низа, остана блиску до опасната зона, на 17 место со 24 бода. Дуелот во Гранда го хет-ррик го обележа напаѓачот на Вињареал. Данжума.

Виљареал, експресно, во интервал од четири минути стекна недостижна предност во Гранада. Данжума најпрвин реализираше пенал во 35.минута, а четири минути подоцна искористи катастрофална грешка во последната линија на Гранада.

Пере Миља го намали резултатот од пенал во 61.минута. Пред и по голот на Миља, Гранада не успеа да реалзира неколку одлични шанси за гол. Казната за нереализираните шанси ги стигна во 81.минута, кога Данжума со уште еден гол од пенал го комплетираше првиот хет-трик во Ла Лига.

Конечниот резултат го постави Мои Гомез во 96.минута.

Scroll to Top