Кинеската двојка Сиу Венјинг и Ханг Цонг станаа олимписки шампиони во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Домашните претставници водеа по кратката прогама, со нов олимписки рекорд 84,41. Најдобри беа и во слободната програма со 155,47 поени.
Суи и Ханг се првата кинеска двојка с златен медал уште од Игрите во Ванкувер во 2010 година. За Кина ова беше деветтиот златен медал на овие Зимски олимписки игри.
Второто место со 0,63 поени помалку им припадна на Русите, Евгенија Тарасова и Владимир Морозов.
И бронзениот медал замина кај репрезентативците на Русија, Анастасија Мишкина и Александар Гаљамов.