Работнички ги почна подготовките за настапот во Лига на Европа со контролен меч со хрватскиот шампион Динамо, кој со 4:0 ги совлада „романтичарите“ на мечот на игралиштето „Хитрец-Кациан“ во Загреб.
Динамо поведе во 15. минута со убав гол на Шитум од работ на шестнаесетникот, а во 19. минута, Работнички имаше шанса да израмни, пред голманот на хрватскиот клуб да има одлична одбрана. Шитум во 29. минута зголеми за 2:0, пред Периќ да зголеми на 3:0 при крајот на првото полувреме. Конечниот резултат од 4:0 го постигна еден од најталентираните млади фудбалери на „модрите“, Антонио Марин.
Ова беше прв вистински тест за Работнички пред двомечот со Хонвед Будимпешта во квалификациите за Лигата на Европа.