Рома е се подалеку од местата кои обезбедуваат пласамн во Лигата на шампионите. Екипата на Жозе Мурињо, вечерва на „Олимпико“, одигра 2:2 со Верона.
Рома се спаси од пораз во второто полувреме. Мурињо повторно ќе има замерки на судењето, неколку пати во текот на мечот имаше жестоки реакции, на крајот доби и црвен картон. Од поголеми проблеми го спасија тинејџерите Кристијан Волпато (18) и Едоардо Бове (19).
Верона првиот дел го заврши со предност од два гола. Барак и Тамез ги постигнаа головите за екипата на Игор Тудор.
Волпато, на теренот влезе во 62.минута, а три минути подцна го постигна голот првенец во Серија А. Конечниот резултат го постави Бове во 84.минута.
Рома по 26.кола во Серија А се наоѓа на седмото место со 41 бод, Верона со 37 бода е на деветтото место.