Top Sport

Милан биле сериозно заинтересирани за Верету

Франк Кеси ги брои последните месеци како играч на Милан. Репрезентативецот на Брегот на Слонова коска, како слободен играч ќе го напушти „Сан Сиро“, откако клубот реши да се повлече од преговорите за новиот договор.

Кеси и неговиот менаџер побарале 10.000.000 евра годишна плата, спортскиот директор Паоло Малдини одбил со зборовите дека играчот не може да го уценува клубот и дека тој не е Франк Рајкард па да бара толкава плата.

Милан веќе тргаа во потрага по играч кој ќе дојде на местото на Кеси. Клубот се поврзува со Португалецот од Лил, Ренато Санчез, но според информациите од Италија, интересен за Милан е и Жордан Верету од Рома.

Верету има договор со Рома до јуни 2024 година, но наводно Мурињо немало да се противи на евентуалниот трансфер. Верету по доаѓањето на Серж Оливеира остана без местото во стартната постава на Рома.

Според „Трансфермарк“, вредноста на Верету изнесува 30.000.000 евра.

Scroll to Top