Top Sport

Пјонтек, контроверзно поништен гол и Фиорентина пак подобра од Аталанта

Кшиштоф Пјонтек и Фиорентина стануваат „кошмар“ за Аталанта, откако Полјакот го постигна единствениот гол на „Артемио Франки“ за 1:0 победа која ги остава гостите далеку од посакуваниот топ 4 пласман и место во Лигата на шампиони.

Десет дена откако ги елиминираа Аталанта во четврт-финалето на Копа Италија, Виола и Пјонтек повторно ги „удрија“ гостите.

Пјонтек во 56. минута од мечот, по една брза акција на неговиот тим имаше одлична завршница за водство на Виола. Аталанта сметаа дека дојдоа до израмнувачки гол само пет минути подоцна преку Руслан Малиновски, но голот беше поништен од ВАР системот, а тренерот на Аталанта Џанпјеро Гасперини доби црвен картон. Ситуацијата беше контроверзна бидејќи во офсајд беше Ханс Хатебер, кој воопшто не ја допре топката, туку ја препушти до Малиновски.

Поразот ги остава Аталанта на петтото место на табелата со 44 поени, три зад Јувентус, додека Фиорентиа сега се на седмото место со 42 поени, колку што има и шестопласираниот Лацио.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top